Кваљарела го прекина февруарскиот пост на Сампдорија

Екипата на Сампдорија, со триумфот од 1-0 против Калјари, спречи два свои негативни рекорди. Фабио Кваљарела со својот 17-ти гол сезонава, петти од пенал, им донесе победа на домашните.

Прекината е серијата од три порази по ред за Сампдорија во февруари, па септември 2016 останува последниот календарски месец со кој тимот од Џенова имал четири порази по ред.

Сампдорија е тим со најмногу (8) изведени пенали сезонава во Серија А, a на свој терен, популарните „блу-черкати“ од декември 2017 наваму немале два порази по ред. После поразот во минатото коло, не дозволија нов пораз.

Калјари продолжи да игра лошо како гостин. На последните 11 гостувања, освои само три бода (трипати играше нерешено, а има и осум порази).

- Оглас -

Најнови вести