Квалјарела со потег на сезоната се изедначи со легендата Виери (Видео)

Фабио Квалјарела со ретко виден гол со петица ѝ донесе предност на Сампдорија во дуелот со Киево од 1-0 и му го отвори патот на својот тим до победа. Конечните 2-0 за тимот од Џенова беа очекувани и тука нема ништо чудно, но оваа средба ќе се памети по голот на ветеранот Квалјарела.

Иако има 35 години, Фабио воопшто не паѓа во формата, напротив, се наоѓа во животна форма. Тој со погодокот против Киево стана првиот италијански фудбалер по Кристијан Виери од 2002 година наваму кој дал гол на осум натпревари по ред во Серија А. Квалјарела има девет гола на последните осум меча, а најубав му беше овој денешниот.

Можеби нема ни да забележите најубаво со што Квалјарела ја шутна топката, но беше ефектен и прецизен:

 

- Оглас -

Најнови вести