Квалитетот и традицијата се адути на Французите

6960 Хрватска – Шпанија (18.00 часот)

Хрватите беа оптимистички настроени пред ова осминафинале, но им беше приреден шок кога дознаа дека нема да сметаат на еден од клучните играчи, Перишиќ, кој е позитивен на ковид-19. За нивна среќа, никој друг не мора да оди во самоизолација, па селекторот Далиќ ќе треба да смисли тактика како без главното лево крило. Ловрен е суспендиран. Тука јасно е дека Шпанците ќе имаат поголем посед на топката. На овој меч во Копенхаген, тешко дека Хрватска ќе може да победи во регуларните 90 минути. На последните пет меѓусебни дуели, секогаш имало победник.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.79)

 

6961 Франција – Швајцарија (21.00 часот)

Французите имаат одредени кадровски проблеми повредени им се Дембеле, Лемар и она што посебно ги боли, двата леви бека Ернандес и Дињ. Ако Ернандес не може да игра, левата бековска позиција ќе биде слабата точка на светските прваци која Швајцарија ќе треба да ја нападне. Средбата се игра во Букурешт, Франција е голем фаворит. Пред пет години на ЕП, Швајцарија извлече 0-0 против Франција, и никогаш не го победиле соседот. Тука двојката е исклучена, веруваме дека Триколорите ќе ја оправдаат фаворитската улога.

Предлог тип: 1 & 2-3 (3.20)

 

3537 Неман – Динамо Минск (19.00 часот)

Гостите се подобар тим, но тоа не значи дека победата им е загарантирана на овој меч од белоруското првенство. Неман во 13 кола има само една победа и гол-разлика 10-20. Динамо има седум победи и само две ремија, а гол-разлика 21-9, со што ја имаат третата најдобра одбрана во лигата. Последните девет меѓусебни дуели на овие тимови завршувале со 0-2 гола, а на последните шест соочувања, еден тим не давал гол, но никогаш не било 0-0.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (2.00)

 

5716 Гамба Осака – Јеонбук (18.00 часот)

Ова се двата најдобри тима во групата Х од азиската Лига на шампиони. И Јапонците и Корејците победија во првото коло, па ова е дуел за првата позиција која директно води во плејофот. Гамба Осака е официјален домаќин, но овој меч ќе се игра во Ташкент во Узбекистан, па затоа Јеонбук е мал фаворит на хартија според квотите. Осака има серија од пет меча без пораз, а има и добра традиција против вечерашниот противник.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.40)

 

5706 Миср Лел Макаса – Замалек (19.00 часот)

Замалек е најдобар тим во Египет и против кого и да игра, освен против Ал-Ахли, важи за голем фаворит. Ако победи против Миср, Замалек на вториот на табелата, Ел Масри, ќе му побегне за огромни 18 бода, но тоа не значи титула, Ал-Ахли има одиграно седум меча помалку и има 17 бода минус од Замалек. Миср е седми на табелата. Овие тимови се сретнаа и пред шест дена во купот, а Замалек победи со 2-0. Замалек има серија од седум победи по ред во дуелите со Миср, но многу често нивните меѓусебни дуели се неефикасни.

Предлог тип: 2 (1.50)

- Оглас -

Најнови вести