Квалјарела е стар маестро: Со ремек-дело го најави пресвртот против Парма (видео)

Сампдорија се избори за три бода на гостувањето кај Парма при конечни 3-2, иако екипата од Џенова беше во негатива од два гола во првиот дел.

Жервињо и автоголот на Березински ја ставија Сампдорија во неповолна позиција по четириесетина минути игра, но второто полувреме потполно припадна на гостите.

Чабот намали на 2-1 набрзо по стартот на вториот дел, а потоа се јави искусниот Фабио Квалјарела. Поранешниот репрезентативец на Аѕурите со ремек-дело ја насамари целата одбрана на Парма, а неговиот лоб-удар не беше достижен за Сепе. Пресвртот го оствари Бонацоли само 10 минути по израмнувачкиот гол на Квалјарела.

https://twitter.com/CodinSamoila/status/1284892024437694465

- Оглас -

Најнови вести