Квартараро доминира во Шпанија, втора победа за две недели

Фабио Квартараро е победник на Големата награда за Андалузија која се возеше на патеката во Херез. Со овој триумф младиот француски возач ја потврди доминацијата на стартот од сезоната, откако победи и пред една недела за максимален учинок досега.

Покрај победникот, на пиедесталот се најдоа и Меверик Вињалес, додека трет е легендарниот Валентино Роси, за целосна доминација на возачите на Јамаха. За Роси ова е 199 пат да биде на пиедесталот во најсилната класа во мото трките.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 9 август на патеката во Брно, во Чешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести