Квитова преку Рибакина до титула на мастерсот во Мајами

Чешката тенисерка Петра Квитова е победничка на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами, откако во финалето ја победи Елена Рибакина.

Моментно 12-та тенисерка на ВТА ранг-листата до триумфот во финалето во два сета (7:6,6:2) дојде за 102 минути.

Првиот сет беше решен во маратонскиот тај-брејк во кој беа одиграни дури 30 поени. И двете тенисерки имаа по пет сет топки, а Квитова беше тенисерката која ја искористи шансата и славеше со 16:14.

Чешката тенисерка на стартот од вториот сет веднаш направи брејк, а победата ја завери во осмиот гем кога уште еднаш го одзеде сервисот на Рибакина.
Со триумфот, Квитова ја спречи Рибакина да дојде до две мастерс титули за три недели откако славеше во Индијан Велс.

Во машкото финале кое ќе се игра утревечер (19 часот), се среќаваат Данил Медведев и Јаник Синер.

- Оглас -

Најнови вести