Квитова со само еден загубен сет го освои турнирот во Сиднеј

Петра Квитова ја совлада Ешли Барти со 2-1 (1-6, 7-5, 7-6) во сетови во финалето од ВТА 250 турнирот во Сиднеј. Чешката тенисерка победи на осмото последователно финале на кое настапи, додека на овој турнир на пет меча загуби само еден сет.

Барти тргна фуриозно на стартот, па за помалку од половина час поведе со 6-1. Сепак, уште подобар беше кам-бекот на Квитова. Во вториот сет беше неизвесно до 5-5, а потоа чешката тенисерка го направи првиот брејк, со беше клучен за израмнувањето. Исцрпувачкиот трет сет се одлучи во тајбрејк, кој Квитова го освои со 7-3.

Од пет меча кон патот до пехарот во Сиднеј, Квитова загуби само еден сет, токму првиот во ова финале, додека оваа победа е одлична мотивација за добар старт на првиот овосезонски Гренд слем, односно Отвореното првенство на Австралија. Квитова ја започнува епатата во Мелбурн против Магдалена Рибарикова, ноќта помеѓу недела и понеделник.

- Оглас -

Најнови вести