Квотата за победа на Шкупи најавува „кец“ на Чаир во дуелот со Вардар

Шкупи го пречекува Вардар во дербито на 23. коло во Прва фудбалска лига на Македонија, во дуел на две екипи со различни амбиции. Чаирчани моментно се на второто место на табелата и се во обид да го стигнат лидерот Шкендија, додека главна цел на Вардар за оваа сезона е да се обезбеди опстанок во лигата.

Според квотите во Sport Life; Шкупи е голем фаворит за победа и „кецот“ изнесува 1.49. Сепак, ако се погледне традицијата, Вардар нема пораз во последните шест меча со овој ривал. Во есенскиот дел од сезоната, на Чаир беше 1:1, а вкупно во последните шест меча Црвено-црните имаат три победи и три нерешени. Шкупи последен пат се радувал во ноември 2018 година и тоа минимално со 1:0.

Освен дербито во Чаир, во Прва лига денеска ќе играат и Борец – Беласица, Македонија Ѓорче Петров – Силекс, Шкендија – Пелистер и Струга Трим Лум – Ренова.

 

- Оглас -

Најнови вести