Квоти на денот: Шкендија мора во офанзива, понатаму одат Лудогорец и Динамо Загреб (Фото)

Квотите на денот на Sport Life денеска се во знакот на квалификациските реванш натпревари од стартната рунда за настап во Лигата на шампионите, а трите натпревари заедно прават 13 коефициент.

Шкендија по поразот во Скопје од Мура со 0:1, нема многу избор и мора да победи со кој било резултат за да се надева на пласман во четвртфиналето во квалификациите за групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа подразбира и офанзива во Мурска Собота од самиот почеток, па предлог-типот е да се одигра дека тетовци ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме, или Т2 1+ прво полувреме со квота од 2.60.

Лудогорец има предност од 1:0 и ќе му гостува на белорускиот Шахтар Солигорск на необично место, во Белград на стадионот на Чукарички. Тоа и подобриот квалитет на играчи му дава предност на бугарскиот состав, па предлог во Квоти на денот е да одиграте Х2& ГГ со коефициент од 2.45 во Sport Life.

И на последниот меч од реванш-дуелите денеска, што ќе се игра во Исланд од 22 часот, гостите се во предност и се подобри. Динамо Загреб имаше убедлива предност од 3:0 против Валур на првиот меч, но потоа Адеми, кој беше двоен стрелец, промаши пенал и се случи мини-сензација на „Максимир“, па со два брзи гола во финишот гостите се изборија за минимален пораз од 3:2.

Сепак, Динамо е подобар тим, во ланското издание на Лигата на Европа играше во четвртфиналето и загуби од Вилјареал, тим што го освои пехарот, па е голем фаворит за втора победа против Валур. Предлог во Квоти на денот е да одиграте 2-2&2+ за коефициент од 2.05.

Натпреварите во Квоти на денот на Sport Life може да се играат заедно на тикет, но и посебно во комбинација со останатите игри во обложувалницата.

 

- Оглас -

Најнови вести