Квоти на денот: За Ѓоковиќ не е проблем, ќе искомбинира победа и плус гемови против Рублев (Фото)

Квотите на денот се микс од тенис, кошарка и фудбал, а трите одбрани натпревари со уникатни квоти во Sport Life заедно прават убава комбинација со вкупен коефициент 10.

Добитната десетка треба да ја најави Новак Ѓоковиќ со победа против Андреј Рублев во второто коло во Зелената група на завршниот АТП-турнир што се игра во Торино.

Триумф на најдобриот светски тенисер во комбинација со повеќе од 21 гем личи на добитна комбинација на мечот од 14 часот, а квотата е 2.30.

Анадолу Ефес, актуелниот европски првак во кошарка, е голем фаворит против Олимпијакос во стандардно жешките турско-грчки спортски пресметки.

Овојпат неизвесност ќе нема и се очекува сигурна победа на Турците, со предност и на полувреме, а за „кец у кец“ коефициентот е 1.95.

Завршницата е со повторениот фудбалски натпревар од ФА купот во Англија меѓу Стокпорт и Болтон.

Првиот меч заврши нерешено 2:2, а на бис гостите се фаворити и предлог е да одиграте Х2&ГГ со коефициент од 2.25.

Сите три натпревари стандардно можат да се одиграат на ист тикет со вкупен коефициент 10 или да се комбинираат со сите останати игри од билтенот и дневниот додаток на Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести