Квотите на денот се од реваншите во ЛЕ и ЛК и прават одличен коефициент

Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life се реванш-натпревари од Лигата на Европа и Лигата на конференции и носат вкупен коефициент од 46.88 ако се одиграат на еден тикет заедно.

Фенербахче ја пречекува Севилја, која носи предност од 2:0 од првиот натпревар и тука се очекуваат погодоци. За играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата е 2.10.

И во вториот предлог на Sport Life, домаќинот е турска екипа. Сиваспор игра против Фиорентина, која победи со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на конференции. Виолетовите се наоѓаат во одлична форма, имаат серија од пет победи по ред, а се без пораз веќе седум натпревари и вечерва исто така се фаворити. Квота од 2.10 се добива ако одиграте Фиорентина повторно да победи и да биде постигнат барем еден гол во второто полувреме.

Една од двете дерби-пресметки во Лигата на Европа ќе се игра во Лондон, меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон. Првиот натпревар заврши 2:2, а вечерва се очекува победа на Топчиите и повторно ефикасен натпревар. За играта Арсенал да постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата е 2.25.

АЗ Алкмар приреди изненадување на првиот дуел со Лацио и победи со 2:1 во Рим, но за реваншот, италијанскиот тим е фаворит. Квота од 2.10 има за играта Лацио да не загуби и да бидат постигнати од два до пет гола на натпреварот.

Последниот предлог е од натпреварот меѓу Вилјареал и Андерлехт, на кој шпанскиот тим е голем фаворит. Доколку одиграте Вилјареал да победи и да бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата е 2.25.

- Оглас -

Најнови вести