Квотите на денот се реални и примамливи и прават квота од речиси 52

Денешните пет предлози на Sport Life во Квотите на денот се со вкупен коефициент од 51.93.

Првиот предлог е дуелот од Премиер лигата меѓу Евертон и лидерот на табелата Арсенал и се очекува Топчиите да ја продолжат победничката серија. Sport Life ви предлага да одиграте на голови, односно дека Арсенал и во првото и во второто полувреме ќе даде меѓу еден и три гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.50.

Борусија Дортмунд го пречекува Фрајбург на „Сигнал Идуна Парк“ стадионот и Милионерите се фаворити иако играат против тимот кој има ист број на бодови како и тие. Предлогот е да се одигра на победа на Борусија и дека ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме. Квотата за играта 1&1+ на полувреме изнесува 2.30.

Атлетико Мадрид врза две победи по ред во Ла Лига и денеска игра против Хетафе. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра дека нема да има многу голови, односно дека ќе падне најмногу по еден гол во двете полувремиња и квотата за оваа игра изнесува 2.05.

Во француската Лига 1, еден од највозбудливите натпревари се очекува да биде тој меѓу Троа и Олимпик Лион. Тука предлогот е да се игра на голови, односно да има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата изнесува 2.05.

Последниот предлог е дуелот од Серија А меѓу Сасуоло и Аталанта. Тука се очекува Аталанта да не загуби, а двата тима да постигнат гол. Квотата за играта Х2&ГГ изнесува 2.15.

- Оглас -

Најнови вести