Квотите на денот се со топ екипи и топ коефициенти кои вреди да се одиграат

Петте натпревари што денеска се дел од Квотите на денот се од натпреварите од петте најсилни лиги во Европа и доколку ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 49,55.

Првиот предлог е дуелот на тимот кој победи на сите натпревари во 2023 година, Борусија Дортмунд. Милионерите му гостуваат на Хофенхајм и се фаворити, а предлогот е да се одигра на голови. За играта да има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 1.90.

Арсенал втора недела по ред ќе гостува во Премиер лигата, овој пат кај Лестер кој минатата недела загуби од Манчестер јунајтед со убедливи 3:0. Арсенал е благ фаворит и се очекува да не загуби и двата тима да постигнат гол. За играта Х2&ГГ, квотата изнесува 2.10.

Олимпик Лион е фаворит на гостувањето кај Анже и за победа и да биде постигнат барем еден гол во второто полувреме, квотата изнесува 2.25.

Најголема квота меѓу петте предлози на Sport Life е таа од дуелот на лидерот во Серија А Наполи. Наполи му гостува на Емполи и се знае кој е фаворитот, но тука предлогот е да се одигра на голови. За тимот на Елиф Елмас, да постигне меѓу еден и три гола во двете полувремиња, квотата е 2.40.

Последниот предлог е од фудбалското дерби на викендот, Реал Мадрид – Атлетико Мадрид.

Кралевите се наоѓаат во одлична форма, во вторникот го декласираа Ливерпул со 5:2 на „Енфилд“ и вечерва ја имаат фаворитската улога против градскиот ривал. Квота од 2.30 се добива доколку одиграте Реал да не загуби и притоа да постигне најмалку два гола.

- Оглас -

Најнови вести