Квотите на денот се супер атрактивни, тука се Баерн, Борусија, Јувентус, Милан, Манчестер јунајтед… (Фото)

Денешните натпревари од Квотите на ден, ако ги одиграте сите пет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 53.77. Најмалата квота изнесува 1.90, а најголемата 2.50, а мечевите се на вистински европски гиганти.

Првиот предлог е од натпреварот од Премиер лигата меѓу Њукасл и Вест хем и ја има најмалата квота која изнесува 1.90. Оваа квота се добива ако се одигра дека двата тима ќе постигнат гол како и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Вториот предлог е едно од двете дербија во Серија А со квота од 2.35. Оваа квота е за дуелот меѓу Лацио и Јувентус, а предлогот е да се одигра на голови, односно дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Во Германија се игра Дер Класикер, дербито меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во кој баварскиот тим ја има улогата на фаворит. За играта Баерн да победи, а притоа и двата тима постигнат гол, квотата изнесува 2.35.

Најголемата квота е од второто дерби во Серија А меѓу Фиорентина и Милан и изнесува 2.50. Тука Росонерите кои се во серија од три победи по ред во Серија А се очекува да не загубат, а притоа и двата тима ги затресат противничките мрежи.

Последниот предлог е од Премиер лигата и нуди квота од 2.05. Манчестер јунајтед му гостува на Брентфорд и се очекува Црвените ѓаволи да не загубат, а притоа мрежата да се затресе уште во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести