Квотите на денот со двете Борусии и лондонската пресметка за Европа

Среда може да ви биде среќен ден доколку ги уплатите трите квоти на денот кои ги предлага Sport Life.

Фудбалски возбудувања ќе има во Германија и Англија, а за трите игри кои се нудат вкупната квота е 9.4.

Борусија Менхенгладбах е домаќин на Ајнтрахт, дуел во кој ако двата тима дадат гол, и домашните не загубат, што е реално, ќе погодите коефициент од 2.20.

Во Дортмунд гостува Гројтер Фирт и ако мислите дека домашните ќе победат без проблем, со водство и по првото полувреме и дека на мечот ќе паднат три до шест гола, ќе добиете квота од 1.90.

Во Премиер лигата, Арсенал го пречекува Вест хем, двата тима се борат за Европа и за втор лондонски тим на табелата по Челзи. За играта дека барем во едното полувреме двата тима ќе дадат гол, коефициентот изнесува 2.25.

- Оглас -

Најнови вести