Л’Екип го прогласи Мбапе победник во трката со Меси, сензација им е и изборот за најдобар селектор на Мундијалот (Фото)

Реномираниот француски спортски медиум „Л’Екип“ го смета Килијан Мбапе за најдобар фудбалер на Мундијалот во Катар, иако официјално Златната топка ја доби Лионел Меси.

Новинарите на „Л’Екип“ одбраа по еден репрезентативец со најдобри оценки од сите земји учеснички на Светското првенство што заврши со триумф на Аргентина.

Мбапе е број еден и во француската репрезентација, но и најдобро оценет фудбалер на Мундијалот со просечна оценка 7,17.

И тој е единствениот што има просек над 7, сите останати, вклучувајќи го и Меси, се под седумка.

Лео е веднаш зад него со просечна оценка 6,71, па следува голманот на Хрватска, Доминик Ливаковиќ со 6,57 и Роман Саис со 6,60.

Сака е број 1 кај Англичаните, Пакета кај Бразил, Педри кај Шпанците и Бруно Фернандеш во таборот на Португалија.

Необичен е изборот на „Л’Екип за најдобро оценет селектор на Мундијалот, а приматот му припадна на Греем Арнолд, кој ја предводеше Австралија.

Зад него е селекторот на Јапонија, Хаџиме Моријасу, па следуваат кормиларите на Мароко, Валид Реграги и Лионел Скалонисо ист просек на оценки, а по нив е Дидие Дешан.

Златко Далиќ, кој освои бронза со Хрватска, а има и сребро од претходниот Мундијал во Русија е дури на осмото место според „Л’Екип“.

L’Equipe ranks Australian coach Graham Arnold as the Best Coach at the World Cup. from soccer

- Оглас -

Најнови вести