Л’Екип: Милан има претдоговор со Рангник

Реномираниот француски таблоид „Л’екип“ тврди дека Милан постигна претдоговор со Ралф Рангник, спортскиот директор на Лајпциг. Рангник ќе застане на клупата на Росонерите од следната сезона, меѓутоа ќе има мултифункциска позиција бидејќи ќе биде одговорен за трансферите на клубот, како и за самиот развој на фудбалерите.

Рангник ќе извршува три задачи истовремено, а тоа би значело дека на Звонимир Бобан и Паоло Малдини им се наближува крајот како оперативци на седумкратниот европски првак. „Л’Екип“ исто така тврди дека ако овој претдоговор не се испочитува, Милан секако ќе мора да му плати отштета, а сумата засега е непозната.

Инаку Германецот до ланската сезона ги предводеше Црвените бикови со кои првично успеа да се пласира во Бундеслигата, а во дебитантската сезона завршија како второпласирани зад Баерн Минхен. Рангник моментално е одговорен за трансферите и развојот на играчите на Лајпциг, додека местото на тренер му го отстапи на Џулијан Нагелсман.

 

- Оглас -

Најнови вести