ЛА лејкерс водеше со 17 поени разлика на 10 минути до крај, загуби со примена тројка во последна секунда (Видео)

Индијана пејсерс и Лос Анџелес лејкерс го одиграа најинтересниот натпревар во НБА-лигата од тие што се играа рано утрово. Победија гостите од Индијанаполис со 116-115, и тоа со тројка во последната секунда, со која го комплетираа пресвртот по негативата од 17 поени разлика на 10 минути до крајот.

Јунак на Пејсерс е дебитантот Ендрју Нимбхард, кој погоди тројка „без коски“ со звукот на сирената. Леброн Џејмс задоцни во обидот да го блокира младиот Канаѓанец и Лејкерс претрпеа болен пораз.

Одлична вечер имаа и Кевин Дурант со 45 и Девин Букер со 44 поени, со што им помогнаа на своите тимови Бруклин нетс, односно Феникс санс да победат, а личен рекорд од 41 поен имаше Кристапс Порзингис, кој му помогна на Вашингтон да победи над Минесота. За истакнување е и добрата одбрана на Торонто, кој прими само 88 поени од Кливленд.

Еве ја тројката која ги шокира Лејкерси и нивните навивачи во Лос Анџелес:

- Оглас -

Најнови вести