Ла Лига е без конкуренција – Шпанската седмица комплет ќе презими во Европа

Ла Лига е една од најдобрите фудбалски лиги на светот, а потврда испорачаа сите 7 шпански екипи кои настапуваа во првата фаза во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

Шпанската седмица остана комплетна по фазата по групи и сите екипи ќе презимат во Европа. Резултатот е 4:3 во корист на екипите што како првопласирани ги минаа групите во двете најквалитетни европски клупски натпреварувања.

Барселона и Валенсија беа првопласирани во своите групи во Лигата на шампионите, исто како и Севилја и Еспањол во своите групи во Лигата на Европа.

Како втори понатаму одат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и Хетафе по денешната победа од 3:0 против Краснодар во Лигата на Европа.

Доминацијата барем по првата фаза досега е уникатна, а Ла Лига го потврдува своето реноме како една од најдобрите фудбалски лиги на планетата.

- Оглас -

Најнови вести