Ла Лига се враќа на 12 јуни со градско дерби

Повеќе од два месеци трае прекинот во Ла Лига, како и во повеќето фудбалски шампионати во Европа поради пандемијата со корона-вирусот, но се чини дека Шпанците се чекор поблиску до враќање на терените. Се работи со полна пареа да се продолжи сезоната, клубовите почнаа со групни тренинзи кои служат како подготовки во пресрет на рестартот, а последно се обелодени датумот кога првенството ќе продолжи.

На 12 јуни шпанските прволигаши ќе истрчаат на терените, а на тој ден во петок навечер градските ривали Севилја и Бетис ќе ја имаат честа да го назначат рестартот на сезоната. На 13 и 14 јуни ќе се доигра 28-мото коло, додека целосниот распоред и сатниците на натпреварите ќе се обелоденат на 28 мај.

- Оглас -

Најнови вести