Ла Лига шест сезони во низа со рекордна посетеност на стадионите

Според најновата статистика, Ла Лига Сантандер и Ла Лига 1,2,3 шеста сезона во низа поставуваат нов рекорд на посетеност на стадионите. Вкупниот збир на навивачи кои присуствувале барем на еден натпревар во двете лиги е речиси 15 милиони, или поточно 14.821.235, што е за 3,8% повеќе во однос на минатата сезона.

Што се однесува само за најатрактивната лига, шеста сезона во низа се надминува границата од 10 милиони различни фанови. Оваа сезона вкупно 10.102.394 љубители на шпанскиот фудбал ги посетиле стадионите, што е за 0,7% помалку во однос на сезоната 2017/18, но ако се земе во предвид дека во вториот дел од сезоната процентот на посетеност е зголемен на 5,8% во однос на сезоната 17/18, се смета за успех.

Исто така, зголемена е посетеноста и на натпреварите од баражот за пласман во најелитната шпанска лига за 2,2% повеќе во однос на сезоната 17/18.  Просечната посетеност на 20-те стадиони на кои се играа мечевите од Ла Лига е 72%, односно зголемена за 2,7%.

Една од најпопуларните лиги во светот секоја година постепено расте, а ниту заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид не влијаеше врз овие податоци, ако се знае дека Португалецот има огромна навивачка база.

Распоредот за новата сезона 2019/20 ќе се обелодени кон почетокот на месец јули, во која се очекува нов пораст на посетеноста.

- Оглас -

Најнови вести