Манчестер јунајтед стравуваше да не загуби во првиот натпревар во Лигата на шампионите, но сепак претрпе голем шок откако Јанг бојс оствари нереален пресврт од 2-1 со победнички гол во петтата минута од судиското надополнување.
Иако тимот на Оле Гунар Солскјер отвори на најдобар можен начин со нов гол на Кристијано Роналдо во 13-тата минута, целиот план се урна кога Ван-Бисака беше исклучен поради крвнички старт во 35-тата минута.
Тоа ги охрабри Младите момци да тргнат по израмнување и го добија во 66-тата минута преку Нгамалу со ефектен гол погодувајќи ја поблиската страна од голот на Де Хеа. Домаќините имаа уште неколку обиди за целосен пресврт и делириум на „Вандорф“ во Берн откако Солскјер направи дефанзивни измени и, пред сé, рано го повлече Роналдо од игра.
Младите момци се охрабрија, Нгамалу предизвика ерупција во Берн (видео)
Токму тоа се случи во последните моменти од натпреварот, кога Сиебачу го искористи подарокот од Лингард и излезе сам пред голот на Де Хеа за неверојатна победа на Јанг бојс.
Се делеа бодови во ретко видена драма меѓу Севилја и Салцбург при конечни 1-1 на „Рамон Санчес Писхуан“. Фрштеа пенали на сите страни, дури три изведуваа гостите од Австрија кои сите ги изнуди младиот Адејеми, но реализираа само еден преку Сучиќ за водство во 21-вата минута.
Едната најстрога казна за домаќините ја искористи Ракитиќ во 42-рата минута, но тоа беше само дел од драмата во Севилја. Тимот на Лопетеги речиси цело второ полувреме играше со фудбалер помалку откако напаѓачот Ен-Несири симулираше во противничкиот шестнаесетник и заработи втор жолт картон и исклучување.
Само седум минути по таа ситуација, Салцбург можеше да си го отвори патот до евентуална победа, но Соле го промаши невозможното на околу два метри пред празниот гол и топката ја испрати на трибините.
https://streamable.com/9mazup