После поразот од Данил Медведев во првото коло на САД опен, српскиот тенисер Душан Лајовиќ на прес-конференцијата изјави дека во неговата земја овој спорт е популарен само поради победите на Новак Ѓоковиќ и дека Србите всушност сакаат да победуваат и да губат со Новак.
Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Белград и тоа ќе биде сериозен тест за турнирот, во поглед на привлекување навивачи.
„Искрено, мислам дека Србите не се тениски фанови, мислам дека тие се љубители на искуството да се победува со Ноле и да се загуби со него. Би било убаво да се смени тоа, но во Белград видовме дека публиката нема интерес кога не игра Новак или некој друг од Топ 3. Нереално е да настапи некој таков играч на турнир од 250 серијата. Белграѓани одат за да бидат видени, а не за да гледаат тенис. Од друга страна, кога одите на мали турнири во Италија, Франција или Шпанија, тоа им е во крвта, тоа е социјален настан за нив, сакаат да поминуваат време гледајќи тенис без разлика дали има играчи од нивните земји или не“, изјави 34-годишниот Лајовиќ.