Лајпциг го одбрани трофејот од Купот на Германија! (Видео)

Екипата на Лајпциг е старо-нов освојувач на Купот на Германија, откако во финалето без поголеми проблеми забележа победа од 2-0 над Ајнтрахт Франкфурт.

Лајпциг до вториот трофеј во четвртото финале стигна со погодоци на Нкунку во 71-вата минута и Собослаи во 85-тата минута.

Двата трофеи во Купот на Германија се единствените во историјата на клубот, а претходно Лајпциг има освојувано само локални и регионални натпреварувања додека се натпреварувале во ниските германски лиги.

- Оглас -

Најнови вести