Лајпциг не го дава хрватскиот бик ниту за 80 милиони евра

Малку се 80 милиони евра, или поточно Јошко Гвардиол не е на продажба, е одговорот на Лајпциг на примамливата понуда од Манчестер сити.

Англискиот првак наиде на втора пречка на трансфер-пазарот, откако Граѓаните пред извесно време се откажаа од Марк Кукурелја од Брајтон поради високите услови на премиерлигашот. Гвардиола сега не може да си ја оствари и втората желба, тоа е хрватскиот стопер на Црвените бикови, кој има договор со клубот до 2026 година.

Гвардиол иако има 21 година е важен адут на бундеслигашот, но Лајпциг исто така е во одлична финансиска состојба, па не мора принудно да продава фудбалери. Клубот инкасира над 60 милиони евра летово и планирани се уште неколку продажби на млади играчи, па затоа Гвардиол е недостапен и за најбогатите европски клубови.

За Гвардиол прашаа и Сините од Лондон, меѓутоа на Тухел и новите сопственици експресно им беше затворена вратата.

- Оглас -

Најнови вести