Лајпциг ремизираше без голови на гостувањето кај Сент Паули и по четири одиграни натпревари, иако без пораз, се наоѓа на шестата позиција на табелата со осум бода. Тоа е втор натпревар во Бундеслигата на кој Лајпциг не постигнува гол и не успева да оствари победа, а тренерот Марко Росе не го користи Елиф Елмас.
Македонскиот репрезентативец и вечерва остана на клупата за резерви. Марко Росе направи пет замени во второто полувреме, но не сметаше дека треба да му даде шанса и на Елмас.
За играч на натпреварот е прогласен Петер Гулаши, што јасно отсликува дека сепак Сент Паули беше подобар ривал на овој дуел.