Лајпциг реди порази, а Елмас никако да добие вистинска шанса на теренот

Екипата на Лајпциг продолжува со очајните резултати во 2024 година. Во третиот меч во Бундеслигата, Лајпциг загуби по трет пат и тоа овојпат убедливо на гости кај Штутгарт со 5:2.

Последните 15-тина минути кај гостите во игра влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој во зимскиот преоден рок направи трансфер од Наполи. Елмас си замина од Наполи бидејќи не добиваше голема минутажа, но и сега во Лајпциг некако не може да се наметне, па во трите пораз на неговиот тим, влегуваше од клупата за резерви во последните минути од средбите.

Штутгарт тргна сигурно и по половина час водеше со 2:0, а гостите до полувремето постигнаа еден гол. Во првите 10-тина минути од вториот дел имаше уште три гола, од кои два во мрежата на Лајпциг. Во 75 минута, Штутгарт постигна и петти гол, а дури потоа Елмас доби шанса да влезе во игра.

Актуелниот првак Баерн Минхен се намачи на гостувањето кај Аугсбург, а на крајот победи со 3:2. Хофенхајнм и Хајденхајм ремизираа 1:1, Вердер со 3:1 го победи Фрајбург, а Волфсбург и Келн одиграа без победник, 1:1.

- Оглас -

Најнови вести