Лајпциг си најде замена за Тимо Вернер

Според француските медиуми, германскиот клуб Лајпциг парите од продажбата на својот голгетер Тимо Вернер, кој оди во Челзи, ќе ги искористи за да го купи Висам Бен Једер од Монако. Французинот кој има 29 години, е најсериозен кандидат за наследник на Вернер во Лајпциг.

За Бен Једер се интересира и Манчестер јунајтед, а договорот со Монако му е до 30 јуни 2024 година, што значи дека кој и да сака да го откупи, ќе треба длабоко да бркне во клупската каса. Бен Једер сезонава во дресот на Монако постигна 19 гола, а играше на 31 меч.

- Оглас -

Најнови вести