Лалето што се расцвета во полн сјај на Европското првенство ќе игра за Евертон

Дензел Думфрис е на прагот на преселба во Премиерлигата и според најавите ќе игра за Евертон од следната сезона. Бекот на Лалињата што се расцвета во полн сјај на Европското првенство го привлече вниманието на голем број на клубови, но Евертон е најконкретен и најупорен.

Думфрис, иако е десен бек постигна два од осумтте голови на Холандија, селекција која беше прва во нашата група, но потоа доживеа пораз од Чешка и беше елиминирана во осминафиналната фаза на ЕП.

https://twitter.com/RudyGaletti/status/1416830582298972162?s=20

Менаџер на Дензел е познатиот Мино Рајола, кој веќе е во завршни преговори со раководството на Карамелите и според англиските медиуми останува само формалност пред преселбата на Думфрис од ПСВ Ајндховен во редовите на премиерлигашот од Ливерпул.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести