Лалињата со привремено решение на селекторското место

Роналд Куман од денес и официјално е нов тренер на Барселона, ангажман кој му отвори простор на неговата десна рака Двајт Лодевегес привремено да ги предводи Лалињата.

Додека Фудбалската федерација на Холандија не најде адекватна замена за Куман, Лодевегес ќе има прилика во два меча од Лигата на нациитe да командува од селекторското столче.

Во септемврискиот циклус од Лигата на нациите, Лодевегес ќе ја води Холандија во дуелите против Полска и Италија на домашен терен, додека до средбата со БиХ закажана за 11 октомври, светскиот вицепрвак од 2010 година веќе ќе има назначено нов селектор.

- Оглас -

Најнови вести