Лампард бесен: Мојата тригодишна ќерка виде дека е пенал, каде гледаа судиите?

Евертон на домашен терен загуби од Манчестер сити минимално со 1:0 во меч по кој Карамелите има за што да жалат. Сити до победа стигна со погодокот на Фил Фоден во 82 минута и тоа по кикс на домашната одбрана.

Сепак, Евертон можеше да израмни и тоа само две минути по примениот гол. Во шеснаесетникот на гостите, Родри ја удри топката со рака, а судиите решија да побараат помош од ВАР системот за да одлучат дали има услови за пенал или не.

По прегледување на ситуацијата, одлуката беше шокантна за навивачите на Евертон. По прегледување на ВАР снимката, арбитрите решија дека нема услови за пенал. По мечот, тренерот на Евертон, Френк Лампард беше многу лут и смета дека имало неправда кон неговиот тим.

„Имам тригодишна ќерка која ќе ви каже дека тоа беше пенал. Загубивме бод поради еден професионалец кој не знае да си ја врши добро работата. Виновен е Крис Кавана кој беше судија во ВАР собата. За време на мечот, главниот судија Пол Тирни рече дека не ја видел ситуацијата и потоа минута и пол гледаа во ВАР собата. Самиот Тирни знаеше дека е пенал, но не го виде. Потоа ми рече дека одговорноста за одлуката е на Кавана во ВАР собата“, луто коментираше Лампард.

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола во своето објаснување рече дека судиите досудиле офсајд и затоа немало услови да се суди пенал. Сепак, дури и на официјалниот семафор на стадионот „Гудисон Парк“, јасно пишуваше дека се гледало дали имало пенал поради играње со рака на Родри или не.

- Оглас -

Најнови вести