Лампард: Фудбалот ми го одзема животот

Френк Лампард реши за прв пат по добивањето отказ од тренерската позиција во Челзи, да зборува во јавноста. Играчката легенда на лондонскиот тим, една и пол година беше на клупата на тимот од „Стемфорд бриџ“, а сега веќе неколку месеци е без работа.

„Моето искуство како тренер на Челзи беше неверојатно и исклучително сум благодарен за шансата која ја добив. Тоа беше време, сите знаат колку клубот ми значи. Од моментот кога сезоната продолжи по паузата која ја имавме, игравме без публика. Многу ми фалеше публиката. Како поранешен фудбалер, знам какво влијание има публиката врз играчите и на целиот меч“, вели Лампард.

Благодарение на фудбалот, Лампард се стекна со финансиска моќ каква што ретко кој може да се пофали, но некогашниот англиски репрезентативец вели дека фудбалот му го одземал животот, поради големите одрекувања кои морал да ги направи.

„Фудбалот ми го одзема животот. Прво како играч, а потоа и како тренер. Никој не сака да ја загуби работата, посебно на почетокот на кариерата, но тоа може да се случи, без разлика колку сте биле добри. Отказот ми даде многу повеќе време да поминувам со моето семејство. Во последните два месеци добив неколку понуди за тренерската работа, но ќе ја чекам вистинската понуда. Со нетрпение чекам повторно да се вратам на фудбалот“, додаде Лампард.

 

- Оглас -

Најнови вести