Лампард го наплати отказот, но сумата е смешна во однос на оние кои ги добија Мурињо и Конте

Френк Лампард го наплати отказот од Челзи. Клубот му исплати два милиони фунти, сума која му беше загарантирана според договорот кој му важеше со јуни 2022 година.

Сепак, оваа сума е смешна со оглед на тоа дека Сините во ерата на Роман Абрамович имаат потрошено повеќе од 110 милиони фунти за откази на менаџерите.

Жозе Мурињо во двата мандати инкасира вкупно речиси 32 милиони фунти, додека отказот на Антонио Конте чинеше околу 26 милиони фунти.

Единствени кормилари кои не добија отштета се Гус Хидинк и Рафа Бенитес, па и оваа скромна сума е добредојдена за Лампард.

- Оглас -

Најнови вести