Лампард и официјално стана тренер на Евертон: Одвај чекам да почнам со работа!

Френк Лампард и официјално потпиша договор со Евертон и ќе ги води Карамелите во наредните две и пол сезони.

За Лампард ова е прва работа откако пред една година си замина од Челзи и беше заменет со Томас Тухел. Лампарт дебито на клупата на Евертон ќе го има в сабота, во ФА купот против Брентфорд на „Гудисон парк“.

„Гладен сум за работа, одвај чекам да почнам. Огромна чест за мене е што ќе водам клуб со големина и толку богата традиција како Евертон. Моја прва порака до играчите ќе биде дека мора да бидеме како еден“, изјави 43-годишниот Лампард.

- Оглас -

Најнови вести