Лампард изненади со изборот: Челзи го купува голманот на Трабзон

Челзи ќе се засилува на голманската позиција со Угурчан Чакир, чуварот на мрежата на Трабзонспор. Сините ќе потрошат до 33 милиони евра за турскиот репрезентативец, известуваат турските медиуми, откако преговорите за ангажманот веќе се во тек.

Чакир би требало да биде третото засилување на Челзи за новата сезона, откако веќе ги осигураа услугите на Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг. Чакир има 24 години и е стандарден за Трабзон, оваа сезона досега запиша 39 настапи во сите натпреварувања и успеа четирипати да ја сочува мрежата.

Репрезентативец на Турција е од мај минатата година, а од Угурчан се очекува да му конкурира на Кепа Аризабалага, најскапиот голман на светот, за место меѓу диреците следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести