Лампард пак го „подбра“ Жозе: Челзи го доби градското дерби (видео)

Антонио Ридигер со автоголот во 89-тата минута го спречи Челзи да триумфира со идентични 2-0, резултат со кој го доби и првото овосезонско градско дерби против Тотенхем, но сепак домаќините славеа со конечни 2-1. Сините повторно му нанесоа разочарување на нивниот поранешен предводник Жозе Мурињо, а воедно ја добија битката за четвртата позиција на табелата која носи пласман во квалификациите за ЛШ.

Лампард му даде доверба на искусниот Жиру да стартува од првата минута, бидејќи Батчуаји разочара против Јунајтед минатиот понеделник, па искусниот Французин се оддложи со погодок во 15-тата минута. Домаќините продолжија со брзото темпо и во вториот дел, па по само три минути дојдоа и до втор гол преку Алонсо.

Со 13-тата победа по 27 кола, Челзи се зацврсти на четвртото место со 44 бода, Тотенхем може да остане и без петтото место по ова коло на кое стои со 40 бода.

https://twitter.com/allgoalline/status/1231208416665853952

https://twitter.com/allgoalline/status/1231211949263872000

 

- Оглас -

Најнови вести