Лампард убаво ќе се опари за тоа што ќе биде тренер на Челзи

Франк Лампард во следните неколку денови треба и официјално да биде промовиран во нов тренер на Челзи. Човекот кој како играч повеќе од една деценија помина во клубот од „Стемфорд Бриџ“, сега ќе има нова задача. Од клупата да го води тимот до нови успеси.

Лампард доаѓа на местото на Маурицио Сари, кој си замина и сега е тренер во Јувентус. За Лампард ова ќе биде прв голем предизвик како менаџер. Досега тој работеше во Дерби каунти, со кого не успеа да обезбеди влез во Премиер лигата, откако во најскапиот меч во историјата на фудбалот, загуби од Астон Вила со 2:1. 

И покрај тој неуспех, Лампард покажа дека е голем талент за тренерската работа, па газдата на Челзи, Роман Абрамович реши да му даде шанса на некогашниот играч кој има донесено многу трофеи на „Стемфорд Бриџ“. Според договорот, Лапмард ќе потпише тригодишен договор, според кој годишно ќе заработува по 5,5 милиони фунти. Тоа значи дека вкупниот договор му е 16,5 милиони фунти, иако тој е само со една година тренерско искуство.

Челзи во новата сезона ќе игра во Лигата на шампиони, а се надева дека ќе биде конкурентен и во трката за титулата во Премиер лигата со Манчестер сити и Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести