Лани играа во трета лига, а вечерва ја елиминираа Болоња во Купот (Видео)

Дека мечевите од натпреварувањата во Купот често знаат да бидат шокантни за фаворитите, се потврди вечерва. Болоња на тренерот Синиша Михајловиќ на свој терен загуби од Тернана со 5:4. Тернана е тим кој лани успеа да влезе од Серија Ц во Серија Б, а вечерва го елиминира големиот фаворит.

Уште во првото полувреме беше најавено чудото кога гостите дадоа три гола, а плус промашија и еден пенал, па на полувреме водеа со 3:1. По 10 минути игра во второто полувреме, Тернана имаше нестварна предност од 5:1.

Болоња во последните 35 минути даде три гола и намали на 4:5, но не успеа да стигне до 5:5 и да се спаси од катастрофално испаѓање на стартот од Купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести