Ланскиот шампион во Западната конференција на НБА се продава, цената е 1,8 милијарди долари

Феникс санс наскоро очекува нов сопственик, а актуелниот Роберт Сарвер ја продава екипата со најдобар скор во НБА во ланската сезона, и тоа во пакет со женската екипа Феникс меркјури за вкупна сума од 1,8 милијарди долари.

Сарвер е казнет од раководството на НБА-лигата со една година забрана на вршење на должноста и со 10 милион долари поради коментари со расистичка содржина и непримерно однесување кон своите вработени, со речник што е окарактеризиран како навредлив и сексистички.

„Жалам за зборовите што, за жал поради притисок од јавноста, се закануваат да фрлат во вода две децении изградба на една организација што значи многу за Феникс. Верувам во прошка, но во ваква клима што владее, сега тоа е невзможно, па немам друг избор освен да ги продадам двете НБА-екипи, Санс и Меркјури, објави Сарвер.

Тој ги купи популарните Сонца во 2004 година за сума од 401 милион долари, а сега цената за продажба е 1,8 милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести