Ланзини го лансираше Вест Хем до победа со историско прво полувреме (Видео)

Мануел Ланзини испушти прилика да стане трети фудбалер во историјата на Вест Хем кој направил хет-трик на премиерлигашки меч, но и со два погодоци беше предводник на Чеканите во триумфот од 3-2 на дуелот со Кристал Палас.

Ланзини е мајстор за голови во лондонските дербија. Од неговите 25 гола во премиерлигата, дури 13 (52 проценти) му се во дуели против лондонски тимови, и тоа е рекорд во конкуренција на фудбалери кои дале барем 20 гола во Премиерлигата.

Вест Хем првпат водеше со три гола разлика по прво полувреме на едно гостување во Премиерлигата, а гостувале 490 пати. Вест Хем е петти на табелата, но има и по два меча повеќе од Тотенхем и Манчестер јунајтед кои се блиску зад него.

Ова е голот за 2-0, кој беше и најубав на натпреварот:

https://twitter.com/i/status/1477343120774021120

- Оглас -

Најнови вести