Лапорта: Би сакал да објавев дека Меси останува, но не можам, пречка е финансискиот ферплеј

Лионел Меси од синоќа на полноќ веќе не е член на Барселона, Каталонците не смеат да користат негови фотографии, по 7.504 дена, Аргентинецот не е врзан за клубот, но претседателот Жоан Лапорта е оптимист дека Лео ќе остане во Барса.

Според Лапорта, клубот и Меси се блиску до договор, но остануваат некои финансиски „детали“ за финализирање на договорот. Лапорта тврди дека и Меси сака да остане во клубот во кој ја мина целата кариера, но проблемот е што Барселона нема доволно пари за да го испочитува финансискиот ферплеј.

„Би сакал да објавев дека имаме договор, но не е така. Сакам Меси да остане, и тој сака да остане, преговорите одат добро, единствена пречка за потпишување на договорот е финансискиот ферплеј. Имаме неколку варијанти, ги разгледуваме и ќе ја одбереме најдобрата од која ќе бидат задоволни двете страни“, вели Лапорта.

Меси е во Бразил, каде што со аргентинската репрезентација настапува на Копа Америка. Има најави дека по завршувањето на Копа, тој ќе се фокусира на потпишување договор.

- Оглас -

Најнови вести