Лапорта донел одлука за „проектот Куман“ во Барселона

Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона и во следната сезона. Ова е одлуката на новото раководство на каталонскиот гигант, на чело со претседателот Жоан Лапорта, тврдат Каталуња радио и ТВ 3.

Според медиумите од Каталонија, Лапорта вечерва имал состанок со Куман, а холандскиот стратег добил целосна поддршка од претседателот. На средбата биле и спортскиот директор на Барса, Матеу Алемани и техничкиот шеф Рамон Планес, кои посочиле дека Куман одлично ја врши својата работа и тимот оди во вистинска насока.

Куман дојде на клупата на Барселона на почетокот на оваа сезона, а договорот му е до јуни 2022 година. Барселона сезонава испадна од Лигата на шампиони, но затоа ќе игра во финалето на Купот на Шпанија против Атлетик Билбао. Во Примера дивисион Барселона е на второто место со само четири бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести