Лапорта ги засука ракавите: Остварен контакт со актуелен европски првак
Новиот претседател со Барселона посакува мандатот да го почне со голем ангажман.

Жоан Лапорта вчера убедливо победи на изборите за нов претседател на Барселона, со што е назначен нов почеток и подобри времиња за великанот кој изминативе години се распаѓаше на повеќе полиња.
Старо-новиот прв човек не сака да губи време и веднаш се фати за работа, уште во првиот ден како нов раководител на спортскиот колектив. Првата работа што сака Лапорта да ја заврши е да го комплетира ангажманот на актуелниот европски и светски првак Давид Алаба.
Австрискиот дефанзивец дефинитивно го напушта Баерн Минхен по крајот на сезоната, а повеќе европски гиганти се интересираат за неговиот потпис, меѓу кои и Барселона. Наводно, Лапорта веќе остварил контакт со претставниците на Алаба и веќе се почнати преговори.
За потсетување, Алаба одби 20 милиони евра годишна плата од Баварците со цел да се пушти во нов предизвик, а тоа покрај Барселона, му го нудат и Реал Мадрид, Челзи, гигантите од Манчестер, ПСЖ и Јувентус.