Лапорта како никогаш досега го нападна Реал: Клубот кој е режимски и 70 години има контрола над судиите, сега се чувствува оштетен

Претседателот на Барселона жестоко го нападна вечниот ривал Реал Мадрид, во обид да се одбрани за скандалот кој го тресе каталонскиот гигант во изминатиов период, а тоа е со корупција на судиската организација.

„Имам порака до клубот кој нас не обвинува за овој случај. клубот кој вели дека се чувствува оштетено. Клубот кој секогаш бил фаворизиран со судиските одлуки, не само во историјата туку и сега актуелно. Клубот кој секогаш бил режимски клуб, најблизок до политичкит еи економските центри на моќ. Не смее да се заборави дека во изминативе седум децении претседатели на судиските организации и нивни некогашни членови биле играчи и луѓе од Реал Мадрид. Во тие 70 години, поранешни луѓе од Реал одлучувале кои судии ќе им судат. И сега тој клуб има образ да излезе и да каже дека се чувствува оштетен“, жестоко реагираше Лапорта.

Во врска со случајот “Негреира“, првиот човек на Барселона потенцираше дека секој оној кој што ќе ја наклевети Барселона, ќе добие тужба.

„Парите никогаш не беа уплатувани на самиот Негреира туку на неговиот син. Тој е сопственик на компанијата. Ние имаме наша истрага за да видиме што точно се случило. Контактираме и со УЕФА и ќе биде преседан Барселона ако не игра во Лигата на шампиони. Живееме во правна држава и правдата ќе победи на суд“, додаде Лапорта.

 

- Оглас -

Најнови вести