Лапорта ќе го убедува Чави да ја промени одлуката

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека негова желба е Чави Ернандес да остане и следната сезона на клупата на каталонскиот тим.

Чави пред неколку недели кога Барселона бележеше слаби резултати, изјави дека на крајот од сезоната ќе си замине од „Камп Ноу“. Но, во последно време, Барселона игра се подоборо, обезбеди пласман во четвртфиналето во ЛШ, а во последниот меч во Ла Лига го победи Атлетико и тоа во Мадрид со 3:0, по што Лапорта најави дека ќе се обиде да го убеди Чави да ја промени одлуката.

„Да, сакам Чави да остане и тој тоа го знае. Би сакал и следната сезона да седи на клупата на Барселона. Му реков дека притисокот е нормална работа во Барселона и исто така го прашав дали постои можност да ја промени одлуката. Засега останува на одлуката да си оди на крајот од сезоната, но ќе видиме. Знаеме дека може работите да се сменат во последен момент“, изјави Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести