Лапорта оригинално го најави Ел Класико: Реаловци, што ќе се случува во Вегас, останува во Вегас (Фото)

Жоан Лапорта повторно им се обрати на навивачите на Реал Мадрид со реклама, овојпат од Градот на Коцката, Лас Вегас, каде што задутре ќе се игра пријателското Ел Класико меѓу неговата Барселона и Кралскиот клуб од Мадрид.

Лапорта со светлечки билборд на оригинален начин го најави Ел Класико во САД на 24 јули.

„Реаловци, што ќе се случува во Вегас, останува во Вегас…“, стои на билбордите зад насмеаниот претседател на Барса.

Лани на изборите Лапорта повлече ризичен потег и со рекламен простор изнајмен во Мадрид водеше дел од кампањата.

„Сакам повторно да се видиме“, и тогаш Лапорта им се обрати на навивачите на Реал.

Алузијата беше на неговиот прв мандат во Барса од 2003 до 2010 година, кога Каталонците доминираа во однос на вечниот ривал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести