Лапорта најави: Реално е Меси да се врати во Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и официјално потврди дека постои можност Лионел Меси да се врати на „Камп nоу“. Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, јавно коментираше дека би сакал да го види неговиот некогашен соиграч во екипата. Лапорта сега уште повеќе ги загреа најавите за евентуалното враќање на Аргентинецот.

„Се надевам дека прiказната меѓу Меси и Барселона уште не е завршена. Се чувствувам должен да го вратам Меси во Барселона и потоа да му направиме збогување многу подобро од тоа што беше. Мојата цел е да го вратам Меси во Барселона и тука да ја заврши кариерата. Верувам дека тоа е реално. Тој заслужува да добие стоечки овации на секој стадион во Шпанија кога ќе реши да се пензионира“, вели Лапорта.

Меси си замина од Барселона минатата сезона откако каталонскиот гигант реши да го пушти поради финансиска криза во клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести