Лапорта најде средства и ќе биде претседател на Барселона

Жоан Лапорта ќе биде претседател на Барселона откако ги собра потребните 124,6 милиони евра, односно 15% од буџетот на клубот како услов да застане на претседателската функција.

Лапорта беше во трка со времето до утре да ги собере средствата за да почне новата ера во Барселона, откако една компанија претходно ја откажа соработката која требаше финансиски да го поддржи новиот избран прв човек на клубот.

Рокот е до утре, но Лапорта уште вечерва ги испрати документите до таборот на Ла Лига, од каде што се чека зелено светло за и официјално да започне со управувањето.

 

- Оглас -

Најнови вести