Лапорта: Не можевме да го задржиме Меси, бевме во финансиски колапс!

Во интервју за еден шпански медиум, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, кажа дека немало шанса да го задржат Лионел Меси во клубот затоа што немале пари.

„Морав да го ставам интересот на Барселона пред интересот на најдобриот играч во историјата на фудбалот. Во тие моменти на финансиски колапс, не можевме да го задржиме Меси. Сега тој е играч на ПСЖ и подобро да не зборуваме за него. Лео секогаш ќе биде дел од нас, би сакал да имавме поинаков крај на соработката“, вели Лапорта, кој поради Меси бил среќен што Аргентина стана првак, но ќе бил задоволен и ако Франција победела бидејќи таму беа Дембеле и Кунде.

Лапорта кажа и дека нема шанса да платат 80 милиони за Бернардо Силва и дека не размислуваат за Ерлинг Халанд бидејќи го имаат Роберт Левандовски. За Лапорта, Усман Дембеле, Френки де Јонг и Ансу Фати не се за продажба иако се шпекулира дека може да си заминат ако добијат примамлива понуда.

Што се однесува до Суперлигата, Лапорта мисли дека таа може да стане реалност во 2025 година, а во прво време во неа не би играле англиски клубови.

- Оглас -

Најнови вести