Лапорта: Очекувам да го победиме Реал Мадрид

Барселона дури во третиот меч од Лигата на шампиони успеа да го постигне првиот гол, но и тој беше доволен за каталонскиот гигант да победи. На „Камп Ноу“, домаќините се радуваа минимално со 1:0 против Динамо Киев, победа по која се зголемува самодовербата пред големото неделно дерби, против Реал Мадрид.

По осум одиграни кола, Реал Мадрид има освоено 17 бодови, а Барселона досега собра 15 бодови. Лидерот Реал Сосиедад од девет дуели има 20 бодови. Првиот човек на каталонците, Жоан Лапорта побара навивачите да дојдат на стадион и да дадат максимална поддршка на своите миленици како што тоа било во минатото.

„Имам добро чувство пред мечот. Победивме на последните два меча. се вратија Агуеро и Фати, а играме и на наш терен. Сакам да ги израдуваме навивачите. Мечот ќе биде многу интересен. Ако го победиме Реал, тоа ќе биде празник за нас. Оптимист сум и верувам дека Барселона ќе победи. Очекувам да имаме и голема поддршка и од трибините“, рече Лапорта.

 

- Оглас -

Најнови вести